На Твитер била објавена првата фотографија од шест седмици старата ќерка на Брус Вилис, Мабел. Сопругата на актерот Ема Хенинг под фотографијата напишала дека има прекрасен ден со двете најголеми љубови во нејзиниот живот, Брус и Мабел кои се смееле еден на друг.

Мабел Реј се родила на први април оваа година и е четврта ќерка на актерот Брус Вилис. Тој, од првиот брак со Деми Мур има три ќерки.