Топло добредојде на гостите од Холандија им посакаа градоначалниците на општина Охрид и Струга, Никола Бакрачески и Зијадијн Села и Мариет Схурман од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија.
– Ви посакувам пријатен престој и д а ја искористите можноста да уживате во познатото гостопримството на охриѓани. Охрид има многу што да понуди, од традицијата, културата, религијата и традиционалните јадења. Со холандските туристи не поврзуваат многу емотивни спомени од минатото, затоа сум среќен што после неколку години стагнација, овие три години се поголем број холандски туристи го одбираат Охрид како нивно место за одмор. Очекуваме дека нивниот број констатно ќе се зголемува, рече градоначалникот Бакрачески.
Пред холандските гости се обрати и градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села кој истакна дека е сигурен дека гостите ќе уживаат во престојот во Струга, која е богата со природни убавини и има гостопримлив народ.
Престојот на холандските гости е во организација на туроператорот Туи-Аркефлај, а со подршка на Амбасадата на Кралството Холандија, локалната самоуправа, ТАВ и Агенцијата за промоција на туризмот.
Во текот на 2012 година, во Македонија престојувале вкупно 27.120 холандски туристи.
По успешната презентација на саемот за туризам во Утрехт и според плановите за оваа летна сезона, се очекува зголемување на бројот на холандски туристи во Македонија.