Преку секојдневни активности рекреација и терапија во првата инклузивна игротека во Охрид ќе им се олесни секојдневието на децата со попречености вели Весна Габелоска од Здружението В.О.П.С Поддршка Охрид.

Досега децата беа дома, зависи се од родителот, треба да го изнесеш, да го прошеташ, да го организираш сопственото време, за да му го направиш поубав денот или, пак, треба да го оставиш дома да гледа телевизија. Тука ќе развиваме различни програми со кои ќе ги анимираме во текот на денот. – истакна Габелоска во емисијата „Напладне”.

OhridNews