Конститутивната седница на советот на општина Охрид ќе се одржи во понеделник со почеток во 11 часот.

Седницата ја свика и ќе ја отвори сеуште актуелниот претседател на советот  Душко Јаковчески, а ќе ја води најстариот меѓу советниците, Љубомир Чаулев од Социјалистичката партија, односно од коалицијата За подобра Македонија која ќе го има мнозинството во новиот состав на советот.

Како што е најавено, на седницата ќе се изврши верификација на мандатите на советниците кои ќе дадат свечени изјави и ќе се избере нов претстедател на советот.

Според освоените гласови на локалните избори, коалицијата на ВМРО ДПМНЕ освои 12 места во 23-члениот Совет на општина Охрид. Сојузот за иднината ќе има осум советници, а дел од новиот состав на советот на општината ќе бидат и носителите на независните листи,  Љупчо Настоски, Павел Попоски и Кујтим Усеини.

OhridNews