Најдобриот фудбалер на Лацио сезонава, Филип Андерсон се најде на листата од желби на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал.
Холандскиот стручњак на „Олимпико“ го испратил главниот скаут да го гледа настапот на Бразилецот на дуелот меѓу Лацио – Верона.
Андерсон го импресионирал скаутот постигнувајќи еден погодок и играјќи клучна улога во сите добри акции на „лацијалите“.
Сумата која „ѓаволите“ ќе ја платат за услугите на 22-годишниот фудбалер ќе изнесува околу 30 милиони евра.
Мх.П.