Екипата на Барселона избори пласман во финалето на Копа дел Реј, откако во полуфиналниот двомеч со вкупeн резултат (3-0) ја елиминираше Валенсија.

Каталонците со нов триумф, овој пат со 2-0 и пресудија на Валенсија на Местаља. Творци на победата беа зимската аквизиција Филипе Кутињо кој за прв пат постигна погодок во дресот на Барселона и Иван Раќитиќ кој го завери пласманот во финалето.

Противник на Барселона за трофејот во финалето ќе биде Севиља која во полуфиналето поуспешна беше од Легањес со 3-1.

OhridNews