Утре, петок, со почеток во 11 часот, во хотел Дрим во Струга, свечено ќе бидат отворени Првите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти во Македонија.
На настанот кој е од едукативен и спортски карактер учество ќе земат претставници на институциите, на мрежата на организации на југоисточна Европа SEEN Transplant, релевантни стручни лица од областа, лица со трансплантирани органи и лица на дијализа од повеќе држави од регионот.
Настанот ќе трае до 14 април.
OhridNews