Натпреварите во фудбалска Европа продолжуваат со првите мечеви од осминафиналето во најмасовното клупско натпреварување на стариот континент.

Најинтересен од осумте парови ќе биде двомечот помеѓу најтрофејниот италијански клуб во Европа, Милан и англискиот премиерлигаш Арсенал. Двете екипи гледаат спас во ЛЕ, бидејќи се надвор од игра во националните шампионати во трката за местата на табелата кои водат во ЛШ. За потсетување победникот од ЛЕ оди директно во ЛШ, без разлика на кое место ќе заврши на табелата.

Мечевите се поделени во два термини како и обично во 19 и 21:05 часот.

Двојки: Милан – Арсенал (19ч), Атлетико Мадрид – Локомотив Москва, Борусија Дортмунд – Салзбург, ЦСКА Москва – Лион, Лацио – Динамо Киев (21:05ч), Олимпик Марсеј – Атлетик Билбао, Лајпциг – Зенит, Спортинг Лисабон – Викторија Плзен.

OhridNews