Младите пијанисти од ООМУ „Методи Патче“ продолжуваат да нижат успеси. Овојпат со награди се закитија на Меѓународниот натпревар во Врање.
На Меѓународниот натпревар за мали пијанисти, кој се одржа на 25ти и 26ти мај во Врање, Република Србија, учениците од класата на проф. Ана Ѓорѓиоска постигнаа високи резултати. Ученичката Ана Кузманоска освои I специјална награда, максимални 100 бода во својата категорија. Ученикот Борјан Николоски, во својата категорија освои висока I награда, велат од училиштето.

OhridNews














