Според првичните неофицијални резултати од Државната изборна комисија, во општина Охрид, од вкупно регистрирани 50.686 гласачи, правото на глас го оствариле 34.757 граѓани, односно 72,43%.

За независниот кандидат Васил Ристески се изјасниле 224- 0,67%, за кандидатот на коалицијата За подобра Македонија, Никола Бакрачески 19.870 односно 59,50% од гласачите, за Фетах Елмази од ДПА гласале 333- 1,31%, за кандидатот од Сојузот за иднината, Александар Петрески 12.532 односно 37,53% и  за кандидатот Александар Митрески од СДПМ гласале 436.

Бројот на важечки ливчиња во општина Охрид е 33.395, додека пак неважечки биле 1362.

OhridNews