Резултатите од денес извршената хемиска анализа на земените мостри од водата во езерото по појавувањето на мaсната дамка покрај кејот на езерото,  укажуваат дека станува збор за дериват на нафта со мала густина, кој најверојатно истекол од некој од пловните објекти во езерото.


Како што информираат од Центарот за јавно здравје, ова се првични резултати, по кои следува и микробиолошка анализа на земените примероци од водата.

Мaсна дамка беше забележана вчера попладнето покрај кејот на езерото на потегот од мостот кај хотел Палас и пристаништето.

OhridNews