Во официјална, дводневна посета на Црвен крст Охрид се наоѓа претседателот на Меѓународната асоцијација за безбедност на вода, Клаус Вилкинс. 

Претседателот на највисокото тело за безбедност на вода во Европа ќе го следи Илинденскиот пливачки маратон, со посебен акцент на ангажманот на спасителите на вода и безбедноста на учесниците и ќе има можност да ги види и посети спасителните пунктовите за безбедност на вода на капалиштата на Охридското езеро.

По тој повод, спасителите на вода на Црвен крст Охрид денеска ќе изведат показна вежба на спасување и извлекување давеници на плажата на х. Метропол.

Во рамки на посетата предвидени се и официјални разговори со раководството на Црвен крст Охрид на кои ќе се дискутира за учество на Црвен крст на Европските натпревари за спасување на вода, обука на меѓународни судии за овие натпревари, како и можност за донирање на опрема на Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид.

OhridNews