Првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот куп ќе се одигра во Татабања на 23/24 мај, а реваншот во Охрид на 30/31 мај.
Вака одлучи ждрепката што се одржа денеска во седиштето на ЕХФ во Виена.
Охрид на патот до своето прво европско финале стигна по драматичната победа над Целје, а ништо помалку неизвесно не беше во второто полуфинале во кое Татабања, исто така тесно, го совлада Извиѓач од БиХ.
Г.М.
Фото: ЕХФ














