Вo сабота на Охридско Езеро ќе се одржи првиот кајак маратон. Организатор на оваа манифестација е кајакарскиот клуб Струга.


Учество на “сефте“ маратонот ќе зeмат 30 клуба од 10 различни држави. Tрката стартува од Струга  кон Охрид, а ќе заврши на градската плажа Дрим во Струга.

–    Имаме големи планови сакаме маратонот да стане помасовен и со тек на време да биде вклучен во календарот на Светската кајакарска федерација. На денот на маратонот своја акција ќе има и Црвен Крст кој организира крводарителска акција. За збогатување на програмата ќе се погрижат средношколците кои ќе имаат натпревар во едрење и веслање – велат од кајакарскиот клуб Струга.

Ohridnews