Снег од попладнево провејува во Охрид. Се уште не е формирана поголема снежна покривка, но се очекува врнежите да добијат на интензитет во текот на ноќта и утре.
Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните делови каде локално ќе наврнат повеќе од 50 см снег. До утре наутро на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, што локално ќе предизвика создавање на снежни наноси. Mамсималната дневна температура ќе изнесува -1 степен Целзиусов, информираат од УХМР.
Во понеделник ќе дојде до значителен пад на температурите. Мимималната ќе се движи помеѓу -10 до -4, а дневната од -7 до -1. Променливо облачно, ветровито и постудено ќе биде во вторник и среда кога на места минималната температура ќе се спушти до -21 степен, а дневните температури исто така ќе бидат минусни.
OhridNews