Еден американски колекционер го продал првиот број на стрипот со Бетмен за 850 илјади долари. Аукциската куќа „Херитиџ“ организирала приватна трансакција, а новиот сопственик на стрипот, кој кога бил објавен во 1940 година чинел десет центи, е една инвестициона компанија.

Потпретседателот на „Херитиџ“ Ед Џесер рекол дека пред две години колекционерот го купил стрипот за 315 илјади долари. Џестер додал дека стрипот е во речиси совршена состојба. Бетмен за прв пат се појавил во DC комикс број 27 во 1939 година и станал толку популарен што една година подоцна добил сопствена серија.