Одлуката е донесена согласно претходно дадената иницијатива од страна на министерството за образование.
Претходно, на седницата одржана на 23 јануари одлучено е и пет проценти од студентите на вториот циклус на студии кои ги исполнуваат условите и се рангирани на првите места на листите да студираат без надомест, за што се известени министерот за образование и наука Панче Кралев и членовите на Ректорската конференција на јавните универзитети во РМ.