Првата група на туристи од Холандија, кои годинава ќе одмараат на охридската ривиера ќе пристигне на крајот од април. Од Здржението на хотелитери-ХОТАМ, информираат дека априлскиот чартер авион, кој ќе слета на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе биде на туроператор „TUI“, додека пак првиот чартер на „Corendon NL“ треба да пристигне на 2–ри мај 2014 година.
Според најавите првата група холанѓани која ќе отседне во Охрид, ќе брои над 100 лица.
-Сеуште активно трае процесот на продавање на аранжманите, со што се очекува нивниот број да се зголеми. Интересот за резервации е голем, па годинава очекуваме да имаме поголем број на холандски туристи за разлика од лани. Како и во текот на минатите години, така и годинава ќе бидат организирани и кружните тури низ Македонија, велат од ХОТАМ.
Од таму потенцираат дека покрај туристите од земјите на Бенелукс, годинава во Охрид се очекува да летуваат и туристи од Словенија и Австрија. Исто така Охрид е дел од мапата на кружните Балкански тури, кои ги организираат западноевропските туроператори, па оваа летна сезона може да очекуваме и туристи од други европски земји.
Е.М