Добар дел од учесниците на Европското првенство во параглајдинг во дисциплината на прецизно слетување пристигнаа во Охрид. На Европското првенство ќе учествуваат 15 селекции и тоа со околу 80- тина пилоти.

Европското првенство кое ќе се одржи од 1 до 8 јули, ќе мине во соорганизација на Националниот парк Галичица и Делта клубот од Прилеп кој година слави јубилеј 20 години постоење.

Македонската селекција на Европското првенство ќе настапи со пет пилоти. Официјалното отварање на Европското првенство во прецизно слетување ќе биде на први јули во 20 часот на градскиот плоштад во Охрид.

Мх.П.