Најпознатите изворни народни песни, во изведба на деца на возраст до 16 години ќе бидат дел од првото издание на Детскиот фестивал „Фолкорна бајка“ што на 8-ми мај 2016 година ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев во Охрид.

-Овој Фестивал има за цел зачувување на старата изворна песна и пренесување на народниот мелос на младата популација. Децата од најмали нозе ќе ја пеат македонската песна, а со тоа ќе ја осознаат вредноста која не идентификува како народ со долга традиција, велат организаторите на концертот.

Цената на влезницата за ова музичко уживање е 100 денари, а  средствата кои што ќе се соберат од продадените влезници ќе бидат наменети за помош на петчленото семејство на Благојче Ставрески од Лескоец со три малолетни деца кои живеат во субстандардни услови.

Билетите ќе ги продаваат активисти на Црвениот крст во центарот на Охрид како и во најпосетените кафетерии низ градот. Исто така карти може да се најдат и кај самите организатори, но и пред влезот на Центарот за култура „Григор Прличев“ непосредно пред почетокот на фестивалот.

OhridNews