Видеото на авторот Бобан Кочески, ученик во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, го освои првото место на #CtrlZпредизвик-от на Фондацијата Метаморфозис, видео – конкурс за млади на тема „образование“.
Во првонаграденото видео се зборува за важноста од зачувување на менталното здравје кај учениците поради притисокот со кој тие се соочуваат за време на учењето.
Авторот на видеото добива ваучер за ИТ опрема во вредност од 15.000 денари.
Видео-конкурсот за млади беше дел од проектот „Веродостојни вести за оспособена младина“ што Фондацијата Метаморфозис го реализира со финансиска поддршка на Британската амбасада во Скопје.
OhridNews