Охрид Лоте го доби натпреварот на дебитантите во второлигашката конкуренција, победувајќи ја гостиварска Ринија со 2-0. Составот на “градежниците” одигра одлично во сите редови, на цврстата одбрана се придодаде креативниот среден ред, а свој ден имаа и напаѓачите.


Натпреварот можеше да добие друг тек, доколку во петтата минута Сулјемани ја погодоше мрежата по продорот од левата страна, неговиот млак удар заврШи во рацете на Абди. Првата гостинска прилика ги размрда охриѓани кои се заканаа преку Димоски од далечина. Нешто подоцна во идеална прилика се најде Деловски ,но првиот помошник Лозаноски сигнализираше недозволена позција.

Четврт час се чекаше на првиот погодок. Димоски го искористи киксот на Јусуфи, се прошета низ разредената противничка одбрана и без проблем го матираше Абази.

Неколку минути подоцна, стрелецот на голот Димоски, по продорот во казнетиот простор го проигра Речкоски кој од непосредна близнина биеше во гредата. Најбилску до изедначување госитите беа на пет минути пред полувремето кога по ударот од аголот, Ибрами биеше со глава, но Абди спасува од гол линијата.


 

Не сакајќи да остават ништо не случајност , “белите” тргнаа офанзивно во вториот дел. По седум минути игра по центаршутот на Трајкоски, Стојаноски со глава ја затресе мрежата, за комотна 2-0 предност.

Немајќи што да загубат, гостиварци се префрлија на охридската половина. Натпреварот сигурно ќе беШе неизвесен до самиот финиш доколку Сулејмани од гол линијата не го запре ударот на Демири кој одеше директно во охридската мрежа.

Отворениот простор кој го оставија гостите, охриѓани не го искористија да нападнат и да забележат уште по убедлива победа, туку со мирна игра го приведоа мечот кон крај.

М.Постоловски