СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „загрозување на сигурноста“.

Како што информираат од МВР, во периодот од 01.03.2020 од 20.30 часот до 02.03.2020 до 07.30 часот, на улицата ,,Гоце Делчев“ во Охрид, пријавениот од тераса од стан, од огнено оружје во негова сопственост, испукал неколку куршуми од кои четири проектили завршиле во паркирани патнички возила, сопственост на пекара.

По овој настан, на 03.03.2020 пријавениот упатил сериозни закани кон вработени во пекарата, со што предизвикал чувство на загрозеност на сигурноста и страв.

OhridNews