Под мотото „Ајда да се смееме и да се шегуваме“ утре на 1-ви април, за Денот на шегата, најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ќе одржат првоаприлска забава на Градскиот плоштад во Охрид.
На забавата ќе и претходи дефиле со првоаприлски маски по што ќе следуваат музичко-ритмички точки со шеговита содржина, како и избор на најубава маска за која ќе следи и награда.
Според најавите, манифестацијата ќе започне во 10:00 часот.
OhridNews