Во организација на Општина Охрид денес по повод Денот на шегата ќе биде организиран „Првоаприлски хепенинг под маски“ на плоштадот „Свети Климент Охридски“.

На настанот со свои музички и танцови точки ќе настапат дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ како и ученици од сите основни училишта од територијата на Општина Охрид, информираат во соопштението од општинската прес служба.

Програмата, додаваат, ќе започне во 11 часот.

OhridNews