Екипите од Првата и Втората лига повторно ги сменаа термините за одигрување на натпреварите. Фудбалските возбудувања викендов во нашата земја ќе ги најават прволигашите а ќе ги затворат второлигашите.

Мечевите од Првата лига започнуваат утре (петок) со средбата во Тетово помеѓу Шкендија и Академија Пандев. Судиската организција довербата да го суди мечот му ја додели на охриѓанецот Марјан Маркоски. Преостанатите четири дуели ќе се одиграат в сабота а силите ќе ги одмерат Силекс – Ренова, Македонија Ѓорче Петров – Вардар, Работнички – Струга Трим Лум и Борец – Шкупи кој ќе го суди Јован Качевски од Струга.

Второлигашите на мегдан ќе излезат в недела. Охрид после првиот триумф во сезоната на нови бодови ќе атакува кај тимот на Дрита од Боговиње. Во другите мечеви ќе се сретнат Вардар Форино – Кораб, Кадино – Велазерими, Скопје – Гостивар и Лабуништа Пелистер.

Мечевите во Првата и Втората лига почнуваат во 14 часот и 30 минути.

OhridNews