Охридскиот стадион „Атина Бојаџи“ би можел да биде домаќин на Пелистер и Младост Царев Двор кои се натпреваруваат во Првата односно Втората лига.


Поради реновирањето на тревата на битолскиот стадион „Тумбе Кафе“, екипите мораат да бараат солуција за домашните натпревари во шампионатот, a во игра се Охрид и Прилеп.

– Две реални опции се Охрид или Прилеп, а кога ќе одлучиме ќе ја информира куќата на фудбалот каде ќе играме натпреварите како домаќини. – рече Ѓоко Хаџиевски.

Пелистер одамна нема играно првенствени натпревари во Охрид наспроти Младост, кој на стартот од сезоната одигра еден второлигашки меч на „Атина Бојаџи“.

Ohridnews

Охридскиот стадион „Атина Бојаџи“ би можел да биде домаќин на Пелистер и Младост Царев Двор кои се натпреваруваат во Првата односно Втората лига.

Поради реновирањето на тревата на битолскиот стадион „Тумбе Кафе“, екипите мораат да бараат солуција за домашните натпревари во шампионатот, a во игра се Охрид и Прилеп.

– Две реални опции се Охрид или Прилеп, а кога ќе одлучиме ќе ја информира куќата на фудбалот каде ќе играме натпреварите како домаќини. – рече Ѓоко Хаџиевски.

Пелистер одамна нема играно првенствени натпревари во Охрид наспроти Младост, кој стартот на сезона го започна на „Атина Бојаџи“.