Против клубови од Првата и Втората македонска фудбалска лига, охридските бели ќе ја темпираат и брусат формата за стартот на новата сезона.

Охридските фудбалери контролните натпревари ќе ги започнат со дуелот против „езерскиот“ ривал Караорман, потоа следува мечот со повратникот во елитата, битолски Пелистер и средбата со Кораб. На крајот од јули месец, „рибарите“ ќе ги одмерат силите со Македонија Ѓорче Петров, а на 1 август ќе се сретнат со Струга Трим Лум. Подготвителните натпревари Охрид ќе ги заврши со мечеви против Питу Гули односно Тиквеш, кои се натпреваруваат во источната конференција.

Новата сезона Втората МФЛ ќе стартува на 22 август, а почетокот на Првата МФЛ е закажан за 9 август.

OhridNews