Охридските кошаркари со дерби средбата против првопласираниот тим на Апаве ќе ја завршат полусезоната во Втората машка кошаркарска лига.

– Не очекува исклучително тежок натпревар на крајот од првиот дел од првенството. Играме со најквалитетниот тим во Втората лига, Апаве кој слободно може  да се каже дека има прволигашки квалитет и буџет за настап во елитното друштво. Ние како и секогаш спремни сме за надигрување со која било екипа. Влегуваме со единствена цел да го изненадиме фаворитот и успешно да ја завршиме полусезоната – потенцираше Весна Балазоска.

Охриѓани со пет победи во седум натпревари се наоѓаат на втората позиција додека Апаве има само еден пораз, затоа и овој меч заслужено го добива епитот дерби на колото.

– Верувам во мојата екипа и знам дека ќе го дадат максимумот на теренот и во голем стил со победа да ја завршиме 2012 година –
заврши Балазоска.

Во составот на Лихнидос за дерби средбата во Втората кошаркарска лига поради повреди ќе недостастуваат капитенот Митрески и младиот кошаркар Ристеки.

Мх.П.