По подолго време апстинеција прволигашкиот фудбал се враќа на телевизија. Македонската радио и телевизија се договори со Фудбалската федерација на Македонија за пренесувањето натпревари во живо.

Тоа го потврди уредникот на спортот во МТВ, Горан Милковски кој за Екипа истакна – „Почнува проектот за директни преноси од натпреварите во Првата фудбалска лига на Македонија на програмите на Македонската телевизија. Отсега најмалку по еден натпревар од секое наредно коло ќе биде директно пренесуван на нашата програма, а многу често ќе има и поголема понуда, во зависност од интересот за одреден меч, но и од условите за директни преноси. Ќе се потрудиме многу брзо да следат и други емисии, разговори, анализи на македонското фудбалско првенство“.

Прв дуел кој ќе го пренесува МТВ е скопското дерби помеѓу Металург – Работнички додека во вечерниот термин на МТВ ќе емитува и мечот Вардар – Дрита.

Мх.П.