Првото новородено бебе во Охрид е машко. 30-годишната мајка која е од Дебар, попладнево се породи во охридската Општа болница, со спонтан пороѓај при што на свет донесе здраво бебе со тежина од 3 килограми и 600 грама и долго 54 сантиметри.

Традиционално, градоначалникот Константин Георгиески, утре ќе ги посети мајката и бебето и ќе им врачи пригодни подароци.

OhridNews