Првото рочиште за настаните од 27 април минатата година, судијката Добрила Кацарска го закажа за 22 август, соопшти кривичниот суд во Скопје.

„Првата главна расправа по предметот е насрочена за 22.8.2018 год. во 10:00 часот, а за следниот период насрочени се вкупно 37 термини за главна расправа, за што веќе се изготвуваат наредби за спровод за обвинетите кои се наоѓаат во куќен притвор како и покани за останатите странки во предметот“, се вели во соопштението на судот.

Меѓу 30-те обвинети за овој предмет на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, се Митко Чавков, како и пратениците и пратениците: Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски , Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски Жаклина Пешевска.

OhridNews