Првото бебе родено во новата 2018 година во општина Струга е машко, информираат од гинеколошкото одделени при струшката Општа болница. Бебето кое се роди триесет минути по полноќ е од Струга и тежи 3.230 кг.

Од болницата во Струга додаваат дека денес во гинеколошкото одделение постојано има работа. По раѓањето на првото бебе, на свет донесени се уште четири бебиња.

Во охридската Општа болница засега нема бебе коешто се родило на првиот ден од новата година.

OhridNews