Јужнокорејскиот пејач Псај купил лускузен двособен стан во Холивуд за милион евра. Музичарот бил уверен дека преселбата во САД позитивно ќе влијае на неговата кариера. Иако по планетарниот успех на неговиот хит „Гангнам Стајл“ одлучил да ја промени својата адреса, Псај не така одамна зборувал најлоши работи за американците.
Своето мислење за политиката на Белата куќа во Ирак го пренел во своите песни во кои го изразил своето незадоволство. Лутината изгледа му поминала, па го променил своето мислење за САД. Досега објавил пет албуми, а неговиот последен хит достигнал милијарда прегледи на Јутјуб.