Псссссст….

Денес сум многу среќен.
Пресреќен.
Возбуден.
Чист во мислите.
Остави празници, имендени, слави.
Изборниот молк е спас.
Јас сум за секој ден да има политичка тишина во Македонија.
Клучот што фалеше.
За да не ги слушаме повеќе стандардните, режирани, празни вертувања.
И смешните „силни“ зборови…
Да се мислиш дали е се ова вистина или комедија.
Силен политичар е оној кој не зборува само, туку работи.
Кој ќе им го подобри животот на своите гласачи.

Влатко Амстердам

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите