Судот за арбитража во спортот (ЦАС) објави дека ја поддржал жалбата на Пари Сент Жермен против УЕФА по казните за финансискиот ферплеј (ФФП).

ПСЖ во октомври 2018 се жалеше на одлуката на финансиската контрола на УЕФА (ЦФЦБ) повторно да ја отвори истрагата за ФФП во јуни и сега по одлуката на ЦАС, ПСЖ има избегнато санкции за 2015, 2016 и за 2017 година. ЦАС одлучи дека ЦФЦБ самата има поставено лимит од 10 дена и секоја постапка мора да се донесе во тој рок.

ПСЖ не реагира со триумфализам на одлуката велејќи дека ќе продолжи со развојот на клубот, но додавајќи дека ќе биде транспарентн пред УЕФА. Од УЕФА, пак, најавија промена на правилата.

  • Ќе размислиме за имплементирање на разјаснувања на нашите правила по одлуката на ЦАС. –  се вели во соопштението на УЕФА.

ПСЖ останува под лупа за трансферите од летото 2017 година вклучувајќи ги големите трансфери на Нејмар и Килијан Мбапе.

OhridNews