Дрим тимот на Пари Сент Жермен и атрактивната старлета Памела Андерсон ја одбележаа завршната церомонија во францускиот фудбал. „Светците“, очекувано, ги освоија главните индивидуални признанија, а Памела Андерсон која беше во друштво со Адил Рами ги собра погледите и изнудуваше воздишки.

 

За најдобар фудбалер во француската Прва лига беше прогласен Килијан Мбапе од ПСЖ. Репрезентативецот на „триколорите“ се закити со наградата за најдобар младински фудбалер, а доби награда и за најдобар стрелец. Наградите за најдобар голман и тренер заминаа во тимот на Лил. Во изборот за најдобар голман победи Мајк Манин, а помеѓу тренерите Кристофер Галтиер. Наградата за најдобар погодок му припадна на Лорик Реми од Лил, а најдобар судија е Клемент Турпан.

Со посебно емотивно видео и постхумна награда Францускиот фудбалски сојуз го одликуваше Емилијано Сала, кој го загуби животот во авионска несреќа. Тој од Нант премина во Кардиф, но никогаш не се заигра во Премиер лигата поради тажната и несреќна судбина.

Тимот на сезоната во Франција

Голман: Манин (Лил)

Одбрана: Менди (Лион), Маркињос (ПСЖ), Тијаго Силва (ПСЖ), Лала (Стразбур)

Среден ред: Ди Марија (ПСЖ), Верати (ПСЖ), Ндомбеле (Лион), Нејмар (ПСЖ)

Напад: Мбапе (ПСЖ), Пепе (Лил)