Актуелниот првак во Шпанија, Барселона сериозно се впушти во лов на Нејмар, кој пред почетокот на подготовките за новата сезонасе изјави дека не е среќен и сака да го напушти Пари Сент Жермен. До денеска името на Нејмар се споменуваше секоја шпекулација, но Барселона се погрижи да не биде се така празно испрајќи неверојатна понуда до адресата на францускиот клуб.

Барселона за услугите на Нејмар подготвена е да плати 90 милиони евра, но и да вметне двајца фудбалери. Во пакет со мултимилионска сума за Париз да отпатуваат францускиот репрезентативец Осман Дембеле и Бразилецот Филипе Кутињо.

Како што пренесува британски Скај спорт, ПСЖ ја разгледува понудата од Барселона и најбрзо време ќе одговори, бидејќи сезоната за неполн месец стартува а незадоволен фудбалер во соблекувалната е како темпирана бомба.

Интересен е фактот што токму Дембеле и Кутињо беа доведени како замена за Нејмар, кој за рекорден трансфер од 222 милиони си замина од Ноу Камп. Французинот и Бразилецот не ги оправдаа вложените средства и јасно што Барселона сака да ги вклучи во трансферот на Нејмар.

OhridNews