Шампионот на Франција, Пари Сент Жермен со понуда од 70 милиони евра ќе го лови фудбалерот на Атлетико Мадрид, Ентони Гризман.
Додека целиот свет чека да се официјализира трансферот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед, „светците“ работат „тајно“ и ќе успеат да им го украдат вниманието на „црвените ѓаволи“.
Најдобриот играч од Европското првенство во Франција, Гризман е голема желба на новиот тренер Унаи Емери кој до сега како засилувања ги донесе Хатем бен Арфа, Томас Муниер и Грегор Кричовиа.
Гризман ќе биде одлична замена за Златан Ибрахимовиќ во нападот кој како слободен фудбалер премина во Манчестер Јунајтед.
OhridNews