Францускиот шампион, Пари Сент Жермен официјално се засили со германскиот репрезентативец Жулијан Дракслер. Поранешниот клуб на Дракслер, Волфсбург, од трансферот заработи 40 милиони евра.


23-годишниот фудбалер со ПСЖ постпиша договорот до летото 2021 година, а годишно ќе заработува пет милиони евра.

„Горд сум што започнувам нова етапа во мојата кариера. Дојдов во клуб кој е еден од најдобрите во Европа и во чии редови играат одлични фудбалери“, рекол Дракслер.

Дракслер пред Волфсбург играше во Шалке, а за овие две германски екипи има постигнато 38 голови на 215 натпревари. Со Германија ја освои светската титула во 2014 година.

OhridNews