Францускиот гигант Пари Сент Жермен ќе се погрижи летниот преоден рок да биде возбудлив и исполнет со трансфер шпекулации, спротивно од најавата на фудбалските аналитачи кои најавуваат мирен летен преоден рок.

„Светците“ постигнале договор со Ванда Нара која го застапува Мауро Икарди. Аргентинецот и следната сезона ќе биде во Париз, откако годинава ја помина како позајмен фудбалер од Интер. „Нероазурите“ од трансферот на Икарди ќе заработат околу 60 милиони евра.

Пик број еден на ПСЖ во летниот преоден рок ќе биде дефанзивецот Калид Кулибали. Фудбалерот на Наполи долго време е следен од големите екипи, а најверојатно, летово дојде време да се збогува со навивачите од „Сан Паоло“. Наполи за услугите на Кулибали посакува 70 милиони евра.

Фудбалот и спортот воопшто се во криза поради паузата и прекинувањето на првенствата како последица од пандемијата на коронавирусот.

OhridNews