Пари Сен Жермен (ПСЖ) е новиот фудбалски владател во Европа. Екипата предводена од Луис Енрике во финалето од Лигата на шампиони што се одигра синоќа во Минхен, го декласираа милански Интер со 5:0 и сосема заслужено го освои најпрестижниопт трофеј.

Во финалето на теренoт постоеше само една екипа – ПСЖ. Парижаните доминираа од првата до последната минута, постојано беа опасни и создадоа голем број гол шанси. Реализираа пет. Интер од друга страна изгледаше исклучително лошо, немоќно и целосно дезорганизирано.

За ПСЖ ова е прв трофеј во Лигата на шампиони, додека Интер останува на три титули.

Г.М.