Шампионите на Франција и Германија, Пари Сент Жермен и Баерн Минхен забележаа убедливи победи над Лестер (4-0) односно Интер (4-1) на Интернационалниот куп во Америка.
„Светците“ за триумф против англискиот шампион постигнаа по два два погодоци во двете полувремиња. Кавани и Иконе погодија во првиот дел, а во вториот прецизни беа Лукас и Едуард.
„Баварците“ пак, во првиот дел на мечот со Интер постигнаа четири погодоци и го решија победникот. Јулијан Грин реализираше хет трик, а „покерот“ го комплетираше Рибери.
Резултати: Ливерпул – Милан 2-0, ПСЖ – Лестер 4-0, Интер – Баерн Минхен 1-4, Барселона – Селтик 3-1, Реал Мадрид – Челси 3-2.
OhridNews