Бранителот на трофејот во француската Прва лига, Пари Сент Жермен без помошта од Златан Ибрахимовиќ го совладаа Лориен со 2-1.
„Светците“ имаа негатива по првиот дел, а со погодоците на Едисон Кавани и Белебек во вториот стигнаа до целиот плен на гостувањето.
Со оваа победа избраниците на Лоран Блан се доближија на еден бод од лидерот на табелата Олимпик Марсеј, кој има натпревар помалку.
Мх.П.