ПСЖ го совлада Баерн Минхен во тензичен меч во кој освојувачот на Лигата на шампиони остана со двајца фудбалери помалку во финишот поради црвените картони на Пачо и Хернандез. Претходно Дуе во 78 минута го доведе ПСЖ во водство, а конечните 2:0 ги постави Дембеле длабоко во судиското продолжение.

Во втората европска пресметка на Светското клупско првенство, Реал Мадрид ја совлада Борусија Дортмунд со 3:2. За кралевите два гола постигна Гарсија (’10; ’20), а еден Мбапе (’90+4), а стрелци за Борусија Дортмунд беа Бејер (’90+2) и Гујраси (’90+8).

Претходно пласман во полуфиналето обезбедија и Флуминенсе и Челзи кои ќе се сретнат на 8 јули, додека втората полуфинална пресметка помеѓу екипите на Реал Мадрид и ПСЖ е закажана за 9 јули.

Г.М.