Францускиот шампиони Пари Сент Жермен не се откажува од Анхел ди Марија и до тимот на Манчестер Јунајтед испрати нова понудат за услугите на аргентинскиот репрезентативец.


„Светците“ подготвени се на Олд Трафорд да го испратат дефанзивецот Грегори ван дер Вил и да доплатат за ангажман на Аргентинецот.

Ди Марија минатата сезона пред да го засили Манчестер Јунајтед потпишал пред договор со ПСЖ, но поради казната УЕФА трансферот пропаднал.

Аргентинецот добро стартуваше во Премиер лигата, но честите повреди го оддалечија од првиот тим по што му опадна и формата.

„Црвените ѓаволи“ веќе се ослободија од Радамел Фалкао, кој исто така немаш кој знае како учинок на Олд Трафорд.

Мх.П.