Францускиот вицепрвак Пари Сент Жермен се впушта во нова трансфер офанзива. Цел на „светците“ е фудбалерот на Монако и откритието од минатата сезона, Килијан М`бапе.
ПСЖ до тимот на Монако ќе достави понуда од 155 милиони евра плус одредени бонуси кои се вклучуваат во договорот. Во прилог на ПСЖ оди и желбата на М`бапе да игра во тандем со Нејмар, кој за 222 милиони евра се пресели на „Паркот на принцовите“ од Барселона.
Токму со тој трансфер „светците“ ги поместија границите на трансфер пазарот и покажаа дека се сериозни во намерите и не се откажуваат лесно од своите желби и замисли.
Ако и овој трансфер ПСЖ успешно го реализира сигурно ќе се најде на тапет од ФИФА и УЕФА поради нарушувањето на финансискиот фер плеј. Парично францускиот состав нема да сноси никакви последици, но не ќе може да ангажира нови фудбалери ако биде суспендиран од дисциплинската комисија.
OhridNews