Францускиот шампион Пари Сент Жермен со 3-1 го совлада италијанскиот калчолигаш Интер на Интернационалниот турнир во Америка.


Два од трите голови за „светците“ постигна Ауриер додека третиот беше дело на Курцава. Почесниот погодок за „нероазурите“ го реализираше Стеван Јоветиќ од пенал.


На Интернационалниот турнир ПСЖ ќе ги одмери силите со Реал Мадрид, а Интер против минхенски Баерн.

OhridNews