Фудбалерите на Пари Сент Жермен ја освоија првата титула во Франција совладувајќи го тимот на Монако (2-1) во националниот Супер куп.
„Светците“ до сефте титулата во новата сезона стигнаа со пресврт во вториот дел, откако „кнезовите“ со голот на Џибрил Сидибе имаа водство 1-0 по првите 45 минути.
Бројките на семафорот ги изедначи новото засилување Дани Алвес во 50-та минута, а во 63-та минута Андре Рабиот го сврте резултатот во полза на парижаните.
Избраниците на Унаи Емери го задржаа водството до крајот на мечот и се закитија со првото одличје.
OhridNews