Поранешниот холандски репрезентативец Патрик Клајверт е назначен за нов спортски директор на францускиот шампион ПСЖ.
Клајверт, најдобриот стрелец на ЕУРО 2000, кој славата ја стекна во Ајакс и Барселона, по завршувањето на професионалната кариера беше селектор на Курасао и помошник на Луј ван Гал во холандската репрезентација.
„Голема чест е што добив ваква функција во клуб каков што е ПСЖ. Ќе бидам амбициозен и строг. Во Париз поставуваме високи цели, со цел да ги исполниме очекувањата на навивачите“, рекол Клајверт, пренесува „Макфакс“.
Клубот соопшти дека Клајверт „ќе има активна улога во домашниот и меѓународниот развој и дефинирањето на долгорочната стратегија на клубот“.
Во описот на работата на Клајверт стои и дека тој ќе мора тесно да соработува со тренерот Унаи Емери.
OhridNews